Хрватската водителка и блогерка која живее во Сан Франциско ги опиша трагичните моменти кои се случија претходната недела кога пожар ја зафати Калифорнија.
Петра Нижетиќ, хрватската водителка, продуцентка и блогерка се обрати за состојбата во Сан Франциско, градот во кој што живее последните две години.
„Густ облак со дим се појави над Сан Франциско. На улиците нема кучиња Училиштата и факултетите се затворени. Седум дена не излеговме од дома, а кога излеговме носевме маска. Ние сме живи и здрави и имаме дом за разлика од оние кои починаа или останаа без ништо. Единствено што сакам во овој момент е да вдишам чист воздух и да викнам: „Господе, ти благодарам. Ти благодарам што сме живи, што имаме покрив над глава и што јадеме“, напиша Петра на „Инстаграм“ и објави неколку фотографии од последните пожари.