Според редионалните медиуми, славниот српски фудбалер Звездан Терзиќ (53) ќе го жени неговиот постар син Костадин (28), кој беше во долгогодишна врска со пејачката Анастасија Ражнатовиќ.
Поточно, подготовките за големиот ден се во тек, а избраничката на Костадин е младата Црногорка Валентина Лопичиќ.
Парот ќе го каже судбоносното „да“ во јуни 2020 година, во престижен хотел во Белград, пренесува „Пинк.рс“.
Потсетуваме дека во 2016 година Анастасија Ражнатовиќ и Констадин Терзиќ ставија крај на романсата.
– Немаше кавга, се разделивме на најнормален начин. Ние остануваме пријатели, а приказните за нашите кавги немаат никаква врска со вистината. Сè уште имам убаво мислење за Костадин – изјави Анастасија за Пинк.рс во тоа време.
Анастасија веќе некое време е во врска со згодниот Ѓорѓе Куjиќ од Нови Сад, кој потекнува од респектабилно семејство.