Предраг Живковиќ Тозовац беше погребан на крајот на минатата недела во алејата на заслужени граѓани на Новите гробишта во Белград. Но на негвото последно испраќање не се појавија неговите вонбрачни синови.
Имено, неговиот син Светозар, кој живее во Белград, дошоле на гробот на неговиот татко ден по погребот, за да не го сврти фокусот на вниманието на медиумите кон себе. Другиот син, Младен, кој, според тврдењата наводно не бил во добри односи со неговиот татко, живее во Америка, со некрологот со кој се прости од својот татко, сега го докажа спротивното.
„Заминае без последното збогум. Затоа болката е уште поголема, тагата по тебе бесконечна. Твојот син Младен со семејството од Калифорнија“ – напишал вонбрачниот син во прошталните зборови.
Да потсетиме, по смртта на легендарниот пејач, неговите наследници наводно „се закрвиле“ околу имотот што го оставил зад себе. Тозовац наводно напишал тестамент штом дознал дека се заразил со коронавирусот, па ја пренел куќата во Вождовац и двата стана во Белград на сопругата Емилија и нејзините наследници, со кои, за разлика од неговите синови, тој бил многу близок, што наводно предизвикало гнев и лутина кај неговите вонбрачни синови.
Дали нивните потресни проштални зборови и гестови ги демантираат ваквите наводи или сето тоа е само „постхумна фарса“ за да остават впечаток дека навистина добро стоеле со покојниот им татко заради поделба на наследството, останува наскоро да видиме?!
Фото: Немања Николиќ, Зорана Јевтиќ, Принтскрин /Новости