Радио Милева
интимни моменти

„Се затворам во четири ѕида, плачам и продолжувам напред“: Сузана Јовановиќ прозборе за бракот (фото)

„Се затворам во четири ѕида, плачам и продолжувам напред“: Сузана Јовановиќ прозборе за бракот (фото)

Сузана Јовановиќ повеќе од две децении ужива во хармонична љубовна приказна со Саша Поповиќ. Сепак, не и било секогаш лесно.

Како што неодамна откри пејачката, првиот брак кој го склучила на многу млада возраст и ја чинел скапо. Осуда од околината, погледи полни со презир… За среќа, од таа приказна успеа да излезе како победник и на својот син Даниел да му обезбеди убаво детство и добро воспитување.

– Најубав од тој период е мојот син Данијел, на кој сум многу горда. Горда сум и на себе затоа што успеав да го протуркам тој тежок и многу лош период на моите плеќи. Моите родители многу ми помогнаа да го воспитам син ми. На млада возраст брзав да се омажам и не се каам само поради Данијел – изјавила Сузана.

По разводот со првиот сопруг, хармоникашот Раде Здравковиќ, Сузана им се вратила на родителите, а потоа судбината интервенирала и во животот на пејачката го донела Саша Поповиќ.

– Разводот беше страшен, мала средина, сите те осудуваат. Прво ме осудија што се омажив млада, а потоа што се разведов млада. Тешко ми беше да го поднесам сето тоа. Имам среќа што родителите ме поддржаа – изјави Сузана.

– Боже, ти благодарам што го испрати Саша Поповиќ во мојот живот, а никогаш нема да заборавам кога ми рече да се преселиме од изнајмениот стан со Данијел во неговата куќа. Се преселивме кај Сале и го запишав син ми на училиште во Нов Белград. Оттогаш започнува нашата бајка која трае 23 години.

Сузана се осврна и на првата средба со Саша, откривајќи што најмногу му се допаѓа кај неа.

– Ми кажа дека многу му се допаѓаат моите очи и насмевка, а чувствува и дека сум благородна, дека сум добра личност и добра мајка. Секогаш кога ќе ме  видеше бев насмеана и расположена. Никогаш не сум плачела гласно, ниту денес. Никогаш не сум зборувал јавно за мојата болка и мојата тага. Се затворам во четири ѕида, плачам и продолжувам напред – заклучила сопругата на Саша Поповиќ за една локална  телевизија.

Фото: Принтскрин/

Останати вести од Радио Милева