Популарниот пејач Саша Коваќевиќ ужива во врска со Зорана Тосаваќ.
Тој неодамна започна приватен бизнис, односно отвори ресторан, а најголема поддршка му е девојката.
„Зорана ми дава поддршка. Таа сака да се посвети на се што прави. Така да, имам поддршка од неа и семејството, вели пејачот и додава:
„Таа е навистина прекрасна личност. Има многу особини кои ги сакам. Мислам дека е една од најдобрите личности кои ги имам запознено, вели пејачот.
Бидејќи ретко зборува за својот приватен живот, Саша ја криеше својата љубовна романса со Зорана со која се запознале на социјалните мрежи.
„Зорана ја запознав на Инстаграм. Нешто си лајкувавме, а потоа започнавме и разговор, а повеќе од една година сме заедно, вели Коваќевиќ.