Анџелина Џоли со години беше љубовница на актерката Џени Шимица, во која се заљуби штом ја запозна.
Денес, нејзината поранешна девојка е среќно мажена за бренд консултантот Мишел Харпер, пренесува Noizz.
– Да не се омажев за мојот сопруг тогаш, ќе се омажев за Џени. Се заљубив во неа во истата секунда кога ја видов – рекла еднаш Анџелина. Нивната врска траеше и додека Анџелина се гледаше со мажи, а дури во 2003 година таа јавно проговори за својата бисексуалност.
View this post on Instagram
Џени беше супермодел, актерка и заштитно лице на Келвин Клајн CK1 и е првата Азијка која работеше за Прада на Модната недела, а глуми во Foxfire, Itty Bitty Titty Committee и Dante’s Cove.
Таа е среќно мажена, а нејзината венчавка ја пренесоа сите водечки американски медиуми.
– Никогаш не сум почувствувала дека сум толку стара, сѐ уште не се чувствувам така. Не можам да објаснам зошто отсекогаш се чувствував така, но веројатно искуствата и развојот ми беа поважни отколку да бројам години – рече таа и откри дека на 26 години луѓето веќе ја повикувале да почне да лаже за нејзините години бидејќи била премногу стара за модната индустрија.
View this post on Instagram
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Профимедиа