Актерот Бред Пит (56) по разводот со Анџелина Џоли, сега првпат е фотографиран со својата официјална девојка.
Станува збор за Германката Никол Потуралски која се занимава со манекенство.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/site-mislea-deka-kje-bide-so-aenifer-aniston-no-bred-pit-si-najde-29-godini-pomlada-foto/
Која е всушност Никол Потуралски?
Родена е во Германија, има 27 години, а на веб сајтот за агенцијата за која работи е запишано како Нико Мери. Таа е природна бринета, има сини очи и висока е 178 центиметри.
Таа живее на релацијата Лос Анџелес – Берлин, а го има и синот Емил кој го обожава. Таа зборува пет јазици и е основач на организација за ајкули.
Во една прилика ја прашале каква супермоќ сака да има, а таа одговорила:
„Да патувам низ времето, за да ги посетам сите историски случувања, вклучувајќи ја иднината“.
Како што пишуваат медиумите, Бред ја однел Никол на имотот кој во 2011 година го купи со поранешната сопруга Анџелина Џоли.