Среќни се оние кои имаат втор дом и обврските им дозволуваат да избегаат од загадените градови во Македонија, меѓу кои е Скопје.
Тамара Тодевска е меѓу оние кои имаат можност да бираат, па таа заедно со сопругот Александар одлучија да ги спакуваат куферите и заедно со нивната љубов Хана да заминат од Скопје во родниот град на сопругот – Гевгелија.
По тој повод Тамара напиша и статус на Фејсбук од кој откри дека иако Скопје е нејзина голема љубов, се за да го заштити своето дете ршила да избега од загаденоста иако е очајна што морала да го напушти домот.
Сега на југ дишат почист воздух, а мама Тамара е вредна и им готви здрави оброци на своите сакани, бидејќи здравјето е во прв план – пред се!