Учесничката во првата сезона на „Задруга“, Луна Џогани долго време размсилуваше дали да ја прифати понудата на продукцијата и да влезе во „Задруга 2“.
Како што пренесува „Блиц“, Луна се договорила со продуцентите на ова реално шоу, па од септември се враќа пред ТВ екраните.
Потврдено е влегувањето на Луна Џогани во реалното шоу. Публиката ќе има прилика повторно да ја гледа, а овој пат се враќа да победи.
Како што пренесува српски Телеграф, за учеството во „Задруга 2“, Луна ќе добие 100 000 евра. Меѓутоа, младата дизајнерка се уште не ги потврди овие информации.
За потсетување, во првата сезона на реалното шоу Луна влезе во романса со оженет маж односно Слоба Радовановиќ, а на крајот од шоуто го освои второто место.