Радио Милева
трета среќа

Се верија Дарко Лазиќ и Барбара Бобак, таа го покажа свршеничкиот прстен од бело злато, па призна: „Никој не  верува“

Се верија Дарко Лазиќ и Барбара Бобак, таа го покажа свршеничкиот прстен од бело злато, па призна: „Никој не  верува“

Дарко Лазиќ ја запроси Барбара Бобак по осум месеци врска. Среќните вести Барбара ги сподели на својот „Инстаграм профил“ каде што се пофали со свршеничкиот прстен.

Таа го покажа прстенот од бело злато украсен со камења. Таа го снимаше прстенот, а во видеото на Дарко му вели: „Зошто никој не ни верува дека се сме верени?“.

Вест за нивна свршувачка имаше во декември претходната година кога Барабара објави фотографија со часовник на раката, а во описот напиша: „кажав да“. Но и тогаш никој не им веруваше дека се свршени.

Лазиќ неодамна потврди дека свадбата со Барбара е закажана во мај и дека ќе биде по традиционалните обичаи.

фото: принтскрин/инстаграм/дарко лазиќ/барбара бобак

Останати вести од Радио Милева