Пејачот Петар Грашо и Хана Хуљиќ го изговорија судбоносното „да“ во црквата св. Доминик во Сплит.
Хана блескала во елегантна, бела, цветна венчаница со малку шминка и едноставна фризура. Невестинскиот фустан е дизајн на модниот бренд Арилео чиј фан е и Данијела Мартиновиќ.
Парот на свадбата имал два кума, некогашниот кошаркар Дино Раѓа и словенскит готвач Томаж Кавичиќ.
„Ви благодарам на сите“, изјавил насмеаниот Грашо, држејќи ја Хана за раката додека излегувале од црквата.
Додека камерите ги следеле, тие влегле во автомобилот и се упатиле кон ресторанот „Adriatic“, каде славењето продолжило.
„Се чувствувам како вистински маж“, изјавил Грашо кој постојано имал насмевка на лицето.
Интимната венчавка на Пeтар и Хана се случила во кругот на семејството и пријателите, а како што пишува gloria.hr парот планира поголема прослава на есен кога ќе биде и кршевката на нивото заедничко бебе.
View this post on Instagram
фото: Инстаграм/showbuzzhr/petar_graso_fan_page