Радио Милева венчавка во тајност

Се венчаа Џенифер Лопез и Бен Афлек: Холивудската двојка конечно го кажа судбоносното „да“ (фото)

Се венчаа Џенифер Лопез и Бен Афлек: Холивудската двојка конечно го кажа судбоносното „да“ (фото)

Пејачката и актерка го кажа судбоносното „да“ на актерот Бен Афлек, со кого беше  верена  пред 18 години.

Иако тогаш беа на прагот да се венчаат, актерот реши да ја раскине свршувачката само неколку часа пред почетокот на церемонијата. Сега венчавката конечно се одржа но, во најголема тајност, пишува TMZ.

Парот се вери пред 3 месеци, а американските медиуми пренесоа дека  добиле и дозволата за брак.

Афлек и Лопез, гламурозниот пар популарно познат како „Бенифер“, повторно се обединија минатата година, а се верија во април 2022 година.

Ова е четврти брак за славната пејачка, а втор за холивудскиот актер. И двајцата имаат по две деца.

Фото:Принтскрин/Ројтерс/Инстаграм/Твитер/jlo

To top