Мис Порторико се омажи за Мис Аргентина, а со својата објава на Инстаграм го шокираа светот бидејќи никој не очекуваше дека Маријана Варела и Фабиола Валентин се во врска.
Среќната вест за прв пат на Инстаграм ја сподели Маријана, која нивната венчавка ја опиша како „посебен ден“. Девојките се венчаале на 28 октомври, а среќната вест ја сподели и Фабиола на својата мрежа.
View this post on Instagram
Мисиците се запознале на меѓународниот натпревар за убавина во 2020 година и ја чуваа нивната врска строго во тајност со години.
„Откако решивме да ја задржиме нашата врска приватно, сепак решивме да ја „отвориме вратата“ кога е во прашање нашиот посебен ден“, напиша Фабиола во објавата на Инстаграм.
View this post on Instagram
Честитки пристигнуваат од сите страни, а најмногу од другарките на мисиците кои ги запознале и двете за време на изборот за убавина.
Фото: Принтскрин/Инстаграм