Радио Милева скромно

Се венчаа далеку од очите на јавноста, еве колку чинеше свадбата на Катарина Грујиќ

Се венчаа далеку од очите на јавноста, еве колку чинеше свадбата на Катарина Грујиќ

Пејачката Катарина Грујиќ и фудбалерот Марко Гобељиќ тајно се венчаа, а на своите гости им забраниле да користат мобилни телефони за да не ги фотографираат и фотографиите да не се појават во јавност.

Откако дознале дека Катарина е бремена, тие одлучиле да направат свадба, а пејачката сакала прославата да биде што подалеку од очите на јавноста, во куќата на Наташа Беквалац која ја издава за приватни прослави.

Според пишувањата на медиумите, изнајмувањето на вила чини 700 евра за еден ден, а пејачката и фудбалерот издвоиле повеќе од 2000 евра за целокупната церемонија.

Со оглед на тоа што колегите на Катарина ги забавуваа гостите, младоженците не платиле музика.

Катарина и Марко им забраниле на гостите да ја фотографираат целата церемонија, како и да објавуваат фотографии на социјалните мрежи, па така гостите морале да се придружат кон овие правила.

фото: принткскрин/инстаграм

To top