По неколкумесечната врска со нејзиното сè уште женето момче Марко Милошевиќ, пејачката Андреана Чекиќ (35) беше запрашана дали ќе се омажи за него, иако законски тој се уште не е разведен од првата сопруга.
Тој ја побара за жена пејачката на прославата на нејзиниот роденден, кој таа го прослави порано заради деловните обврски. Исто така, роденденот на Марко беше пред неколку дена, па затоа тие решија да ги прослават обата заедно.
Марина, инаку се’ уште законската жена на Марко, била вчудовидена, избезумена и шокирана откако ја разбрала веста дека тој иако се’ уште не се развел од неа, ќе се жени по втор пат.
„Ах, што можам да кажам? Како би се чувствувале вие? Не очекував вакво нешто да ми приреди, барем не додека не потпише развод, што паметно избегнува да го потпише“ – рекла Марина, додавајќи:
„Фрла пари за прослави и гламур, без да се запраша дали тоа дете треба да купи тетратки за почетокот на новата учебна година?
Дали е тоа човек, да има дете што не го видел три месеци? Како се чувствува тоа дете кое штотуку тргнало на училиште, на кое неговиот татко никогаш не се сетил и не посакал да го види, а камо ли да му купи една тетратка и молив?