Радио Милева возбудлива и загадочна

„Се’ уште ми праќаш пеперутки, со секој кажан збор…“: Погодувате ли која млада македонска пејачка има вакви убави, долги нозе? (ФОТО)

„Се’ уште ми праќаш пеперутки, со секој кажан збор…“: Погодувате ли која млада македонска пејачка има вакви убави, долги нозе? (ФОТО)

Млада, згодна, атрактивна, привлечна, неретко провокативна, таа добива се повеќе комплименти не само за својот глас, туку и за својот изглед. Особено кога во јавноста ќе се појави во предизвикувачко издание, со својата заводлива фигура мами воздишки, особенио кај оние машки од помладите генерации.

 

Младата кумановска убавица уште отсега знае како да го покаже својот сексапил на доволно примамлив, скокотлив и предизвикувачки начин, а тоа сепак да не ги помине границите на пристојноста и да не навлезе во  сферата на вулгарноста, Напротив, сексапилна, но одмерена, со младешки атрибути кои будат копнежи и страсти, но со мерка за вкус, одмереност и доволна пристојност таа плени со секоја нова споделена фотографија со која знае даја поттикне волшебната игра на сетилата.

Така и овој пат кога на своите Инстаграм приказни споделила кадар во мрежести црни  чорапи од своите убави долги нозе, обуени во виолетови салонски чевли со високо потпетици. Еротска елеганција за нова провокација но и една загатка, која самата ја поставила.

Имено младата убавица покрај фотографијата споделила нешто што ја поттикна љубопитноста на јавноста, особено кај оние од помладата генерација: „Се’ уште ми параќаш пеперутки, со секој кажан збор…“ – напишала во описот пејачката Мартија Станојковиќ, чија заводлива убавина не останала незабележана и од медиумите во соседството.

Сепак, останала загатката неодгатната, кому тоа Мартија му подарила љубовна посвета, односно, кој е беќарот што на пејачката со секој кажан збор и предизвикува да и „леткаат пеперутки во стомакот“?

Ало, Мартија, се слушаме?  Или на разврската ќе се чека до обзнанување на врската… Ако ја има или истата допрва се „крчка“?

Фото: Инстаграм принтскрин/martijastanojkovic

To top