Радио Милева

„Се уште е свежо и болно, сакам да се повлечам“: Милица Тодоровиќ првпат проговори за раскинувањето со кореографот

„Се уште е свежо и болно, сакам да се повлечам“: Милица Тодоровиќ првпат проговори за раскинувањето со кореографот

По петгодишна врска, Милица Тодоровиќ раскина со кореографот Милош Пауновиќ.

Како што пишуваа медиумите, причина за нивно раскинување се ненадминливите разлики за иднина.

По тој повод, се огласи и Милица која првпат проговори за раскинувањето и потврди дека не е со Милош.

фото: Милица Тодоровиќ/инстаграм

„Вистина е дека повеќе не сум со Милош, се разделивме пред два ипол месеци. Се уште се е свежо и болно, како и секое раскинување, затоа одлучив на некое време да се повлечам од јавната сцена за да се подготвувам за новите предизвици кои ме чекаат на есен или зима“ вели Тодоровиќ и додава:

„Благодарам на сите медиуми и на луѓето ште ме разбираат и што се покрај мене. Се дружиме наскоро“ вели пејачката потенцирајќи дека не сака да ги открива деталите за раскинувањето.

фото: принтскрин/инстаграм/милицатодоровиќ

За потсетување, Милош и Милица беа во петгодишна врска, а во медиумите често се пишуваше дека наводно ќе запливат во брачните води.

 

To top