Радио Милева
зависен

Се унакази со естетски операции: Силвестер Сталоне шокираше со новото лице (фото)

Се унакази со естетски операции: Силвестер Сталоне шокираше со новото лице (фото)

Силвестер Сталоне повторно е во центарот на вниманието. Не, не се подготвуваат продолженија од „Рамбо“ или „Роки“, но има разни новитети од личниот живот. Познатиот актер и поранешен акционен херој последниве години се посвети на малку различни жанрови, а работи и на реалното шоу „Семејството Сталоне“.

Да почнеме со брак. Минатото лето во Холивуд се шпекулираше дека се разведува од Џенифер Флавин со која има три ќерки. Сепак, Слај и неговата 25 години помлада сопруга успеаја да ја надминат кризата, а сите кои неодамна ги препознаа во италијанското летувалиште Порто Черво, тврдат дека изгледале како заљубени тинејџери.

Мора да се признае, не беше многу лесно да се препознаат. Посебно тој. Сталоне можеби немал проблеми со алкохолот и дрогата, но една зависност не може да се реши – естетските корекции. Ако сакаше да го подмлади лицето, актерот кој во јули го прослави својот 77 роденден отиде во друга крајност, како Мики Рурк или Сајмон Кауел.


А фотографиите од ресторанот на Беверли Хилс, каде што беше придружуван од неговиот брат Френк, шокираа многумина. Иако Сталоне никогаш не призна дека отишол „под нож“, искривеното лице го издава, особено пополните образи и горната усна, која е неприродно „искривена“.

фото:Profimedia/Getty Images

Останати вести од Радио Милева