Јасмин Алиевски пошироката јавност го запозна по неговото повеќекратно учесто во најпопуларното музичко талент шоу “Ѕвездите на Гранд“ , каде беше еден од многуте македонски кандидати, кои се обидоа да си пробаат среќата во регионалните естрадни води.
Иако баш и не се прослави со првиот настап кога испадна уште во првиот круг, следните неколку години успеваше да стигне до третото коло и да остави многу посолиден впечаток. Учествуваше и на неколку фестивали во Македонија, сними повеќе песни како: „Далеку од тебе“, „Сакам да заборавам се“, „Давам се“… а, кариерата ја градеше и со своите настапи по кафулињата, ноќните клубови и дискотеките ширум Македонија.
Приватно младиот пејач не ја криеше љубовта со својата девојка, па нивните заеднички фотографииможат да се најдат и на неговите профили на социјалните мрежи.
Токму на нив Јасмин Алиевски преку најновата објава ја соопшти радосната вест. Македонската „Гранд ѕвезда“ ја побара раката на саканата, а таа кажа – „Да“!
„Вчерашниот ден во мене пробуди емоции за кои што не знаев ни дека постојат.
Благодарам злато за овој прекрасен момент, секој ден да ни биде се посреќен. Официјално: Таа кажа – ДА“ – напиша младиот пејач на социјалните мрежи покрај фотографијата како доказ за свршувачката со својата сакана, на чија рака блесна вереничкиот прстен!
За датумот на свадбата и дали воопшто таа е во 2022 год. планирана, јавноста се’ уште не е информирана. Единствено што е познато и повеќе од сигурно е дека ќе биде весело, особено кога младоженецот ќе запее!
Дотогаш, и нему и на свршеницата, нека им е среќна веридбата!
Фото: Фејсбук и Инстаграм принтскрин/jasmin_oficial