Марија Груевска публиката ја памети по нејзиното учество во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Имено, младата битолчанка се појави претходната сезона во музичкото шоу и стигна до самото финале. Груевска во секој круг се појавуваше во разни, оригинални изданија со разни модни комбинации.
Така, имавме прилика да ја видиме како калуѓерка, танчерка, да пее врзана на сцената, со свеќи на раце, со змија околу вратот…
Жирито беше воодушевено од нејзините интерпретации, а Карлеуша ја нарече и македонска Лејди Гага.
Марија е активна на социјалните мрежи, а сега се пофали со новости од нејзиниот приватен живот. Пејачката на својот „Фејсбук“ се појави дека кажала „да“ на својот партнер, сега свршеник Синиша Стојаноски
Греувска објави фотографија од свршеничкиот прстен, а во описот напиша – „Кажав да“.
Под објавата се нижеа честитки од нејзините ФБ пријатели, колеги, следбеници, обожаватели.
Еве како изгледа идниот сопруг на македонската пејчака, кој воедно и беше голема поддршка кога таа беше дел од музичкото натпреварување.
Честитки.
фото: З. К Муња/ фејсбук/марија груевска