Пред Јелена Ѓоковиќ, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ беше во романтична врска со Лидија Поповиќ, од Нови Сад која со рапот го освои светот, а која денес настапува под името Лејди Ли.
Еднаш изјави дека „во младоста“ се обидела да ја одржи врска на далечина со Новак, на релација Нови Сад – Белград, но таа врска не и успеала, а српскиот ас влегол во романтична врска со Јелена, која сега е негова сопруга, а Лидија стана светски познат диџеј. Таа откри каква и била врска со најдобриот српски тенисер.
– Ноле за време на нашата врска беше секогаш внимателен и насмеан, но тогаш немаше обврски како денес. Сега носи тежок товар на грбот како познат човек во спортскиот свет. Ноле секако не е папучар… – изјавила Лидија која тамошните медиуми ја нарекле „српска Џеј Ло“ и додала: – Новак е дружељубиво и џентлменско момче, барем јас така го паметам.
Лидија сега објави фотографија од базен на Инстаграм и порача дека „ова ќе биде нејзиното расположение во наредните три месеци“.
Фото: Принтскрин/Инстгарам