Неодамна од содржините на „Вистина“ можевте да прочитате дека момците од ДНК, Панчо и Андреј, снимаат спот за песната „Ромео и Јулија“, а во истиот кој се уште е во изработка. Тие многупати се докажаа во создавањето харем од убавици, а така е и овој пат.
Една од нив, која според приложеното ќе биде главната протагонистка, е атрактивната македонска манекенка Емилија Розман која за потребите на спотот се соблече „пиштол гола“.
Легната на долари, Емилија има да подари брутална провокација од своето згодно тело и минимално покриената интима со доларчиња.
Исплазен јазик, бушава коса и заводлив поглед, Розман предизвика внимание на социјалната мрежа Инстаграм, а следбениците и пријателите и порачаа дека е вистинска секс бомба.
Но, оној кој ја подготвувал сценографијата и ги реди парите, очигледно ја имал најубавата перспектива од глетката.
Модерната и гола Јулија, веќе ни е позната, а кој ќе биде нејзиниот Ромео, останува да видиме наскоро…