Радио Милева
разголена „колумбијана“...

Се соблече и Касандра: На Кораима Торес, Џеј Ло може „вода да и носи“! (ФОТО)

Се соблече и Касандра: На Кораима Торес, Џеј Ло може „вода да и носи“! (ФОТО)

Некогаш мегапопуларната колумбиска актерка Кораима Торес, во која се вљуби целиот свет, Балканот, па и Македонија поради нејзината популарност во латиноамериканската „сапуница“, ТВ серијата „Касандра“, ги воодушеви своите обожаватели со провокативни фотографии.


Познатата Касандра има околу 250.000 следбеници на Инстаграм, кои меѓу првите видоа колку добро изгледа актерката, иако не е во цветот на малдоста. Оние кои редовно ја следат, многу добро знаат дека Кораима Торес тренира напорно, но оваа сцена сепак ги изненади.


Актерката дефинитивно спаѓа во самиот врв на листата на славни дами со најизразени стомачни мускули, по кои ја надмина и Џенифер Лопез, позната меѓу другото и по својот страствен тренинг и „плочките“ на стомакот.

Касандра, која исто така влезе во Гинисовата книга на рекорди како главен лик во серијата на шпански јазик што се емитуваше во највеќе различни  земји (128), ги воодушевува своите следбеници, како и пошироката публика, со целокупниот изглед.

Евидентно е дека Кораима, која своевремено во рамките на својата балканска турнеја ја посети и Македонија, речиси и да не старее.

Се’ уште изгледа божествено убава, привлечна, пожелна и сексипилна, како и во своите „златни денови“ на популарноста, која е минлива, но убавината кај неа, како да е вечна!

Останати вести од Радио Милева