Радио Милева страв

Се снима филм за Марина Туцаковиќ, а естрадата во паника: Текстописецот ги открива тајните на познатите?

Се снима филм за Марина Туцаковиќ, а естрадата во паника: Текстописецот ги открива тајните на познатите?

Марина Туцаковиќ важи за една од најпопуларните текстописци ширум регионот која создаде бројни хитови.

Историјата и случувањата на српската естрада ги инспирира режисерите, сценаристите. Така беше снимен филм за Тома Здравковиќ, се снима филм за Аца Лукас, а последниот проект кој е најавен е филмот за животот и делото на Марина Туцаковиќ.

Извор на режисерот ги изнесе деталите за филмот, а како што тврди во филмот освен уметничките вредности, нејзината работа, професија, може да бидат изнесени и скандалозни детали за припадниците на шоу бизнисот.

„Нема сомнеж дека естрадните уметници се во паника. Марина на основа на нивните животи им пишуваше песни, па се плашат се што може да биде откриено во филмот бидејќи таа знае апсолутно се’“, вели изворот.

„Тие немаа тајни пред Марина и Фута. Пред неа се пиејаа и дрогираа, во нејзината куќа доаѓаа кога ќе посакат, позајмуваа пари. Не е мал списокот на оние кои и се должни. Филмот нема да биде само за естрадата, но е невозможно да нема „трачеви“ за најголемите музички ѕвезди. Затоа и многумина од нив се плашат“, вели изворот и додава дека некои од нив веќе ја барале и ја замолиле ништо да не открива.

Туцаковиќ не се огласи по повод овие пишувања.

фото: принтскрин/дамир дервишагиќ

Поврзани теми

To top