Пред неколку години се омажи за Американецот со српско потекло Алекса Тодоровиќ, а потоа го смени името во Даница Тодоровиќ.
Пејачката Беби Дол во последните неколку месеци целосно се повлече од јавниот живот, бидејќи се посвети на грижата за својата болна мајка, но ја снајде друг проблем.
Имено, пејачката изминативе неколку месеци беше посветена на здравјето на нејзината мајка Магдалена, а потоа и се влошило здравјето и на нејзината тетка.
– Ситуацијата дополнително ја усложни и влошувањето на здравјето на нејзината тетка, поради што таа се преселила да живее кај неа. Грижејќи се за две постари и болни жени, брзајќи секојдневно од едната страна на другата страна на градот, нејзиниот живот станал многу хаотичен – изјавил извор близок до пејачката за „Глорија“.
Иако имаше закажано настапи минатата година, сега мораше тоа да го остави на страна што се одразува на нејзините финансии.
– Драгана е името што ми го дадоа при раѓање на барање на најдобриот пријател на татко ми, Драган Пљакиќ. Името Даница ми го дадоа на крштевањето од свештеник кога имав три месеци. Меѓу моите блиски пријатели бев позната како Даница или Дана. Тоа име беше како шифра кога ќе си кажеме дека се собираме кај мене. Тодоровиќ е презимето на мојот сопруг, кое го усвоив пред две и пол години кога се венчавме, од почит кон неговото потекло и добрина – рече таа.
– Ги загуби родителите а со тоа и семејството на рана возраст. За само шест месеци ги загуби мајка му и таткото и двајцата поради најтешката болест, а јас со овој чин сакав да и покажам на мајка му, ако не види од некаде, дека го сакам и почитувам нивниот син. Воопшто не се двоумев дали да бидам Тодоровиќ, не ни трепнав – изјавила Беби Дол.
Фото:Е-Stock