Пред помалку од еден месец, односно кон почетокот на месец август, ќерката на Сузана Турунџиева, Лора се сврши со своето момче, сега веќе и сопруг, Филип Наунов.
Ако во Македонија свадбите се подготвуваат на големо и по неколку месеци, па и година, случајот на Турунџиеви и Наунови не беше таков.
Тие како што најавија веднаш по свршувачката, свадбата ја подготвија многу брзо, а се случи изминатиот викенд.
Во изјава за потралот 7 дена.мк гордата мама и веќе баба Сузе вели:
Свадбата беше мала, со околу 140тина гости, во кругот на најблиските. Покрај шестчлениот бенд за атмосферата беше задолжен Сефедин Бајрамов, мој многу добар пријател и колега со кого заедно настапував, кумата на Лора – Олгица Христовска, сега Кошутиќ, а зетот Филип и неговите браќа, внукот Бојан и зетот Сашо од Битола заедно пееја. Главна атракција беше малата Матеа, која не престана да игра, дури два пати го зеде и микрофонот во раце, вели Сузе.
На социјалните мрежи зетот и невестата објавија по некоја фотографија од својот голем ден, а дел од галеријата ја споделија за гореспоменатиот поратл. Среќен брак!