Неколку месеци се шпекулира за врската меѓу Наташа Родиќ и Јован Пејиќ, синот на пејачката Злата Петровиќ.
Судејќи по коментарите на социјалните мрежи, меѓу нив постои нешто повеќе од пријателство.
Злата вели дека нејзиниот син често се гледа со Наташа и дека засега им е убаво.
„Наташа е прекрасна девојка, но 9 години е постара од мојот син. Сега тоа не е голема разлика, но подоцна ќе биде. Како што знам, засега се гледаат и им е убаво. Јоца се ми кажува, но не ми кажа дали има нешто повеќе меѓу нив. Да бидам искрена, нема да се лутам ако Наташа ми биде снаа“, вели Петровиќ за „Старс“.
Потсетуваме, Богана Родиќ е во брак со синот на Цеца Ражнатовиќ, Вељко, додека пак Бојана Родиќ е во врска со синот на Гоца Божиновска, Мирко Шијан.