Доаѓа Нова Година, а со тоа и време за исполнување на новогодишните желби, време за подароци… На децата обично им велат, ќе го добијат подарокот што го посакуваат, само доколку биле послушни, умни и исполнителни во текот на годината. Новогодишната желба секако ќе им ја исполни, кој друг ако не Дедо Мраз?!
Кај возрасните баш и не е така… Или е? Само зависи за кого – како!? Така на пример, македонската лото девојка и ТВ водителка Марјана Станојковска се’ што си посака – си доби. Барем засега! Дали заради тоа што таа цела година на другите им носеше среќа или заради тоа што беше умна и исполнителна, нејзе сите желби и се остварија, кога се подароците во прашање.
Си посака нов мобилен телефон, и Дедо Мраз и го подари најдобриот. Желба и беа шарените масивни обетки, па истите се најдоа на нејзините уши.
Го виде убавиот црвен фустан во излогот…
…и веќе другата вечер беше променета во него на телевизија.
Дефинитивно, се’ што си посака, Марјана си доби… на подарок!
Затоа и многумина останаа во недоумица, па се запрашаа: Добро бе, колку Дедо Мраза има водителката? И дали Марјана Станојковска беше најумното и најисполнително „девојче“ во 2017?
Или можеби таа е скриената Баба Мразица која добива, ама и дели подароци!?