Пред две години, Ана Бебиќ за прв пат стана мајка, а сега повторно е бремена.
Пејачката е во шестиот месец на бременоста и признава дека се чувствува фантастично и е полна со енергија и елан.
„Јас сум шест месеци бремена, но се чувствувам и изгледам како да сум осум месеци. Влегов во убав период од бременоста. Првите три месеци беа многу болни и тешки за мене. Цело време спиев или повраќав и бев многу раздразлива. Сега навистина уживам во бременоста“ – вели Ана, додавајќи:
Во последно време, сите мои желби ми се остварија. Сакав сопруг, се случи, сакав бебе, се случи, така ќе биде и второто бебе. Јас сум среќна жена“ – вели пејачката за „Здраво!“