Една од најпопуларните манекенки на светот, Хајди Клум, се забавува со 17 години помладиот музичар, член на популарниот бенд „Токио хотел“, Том Каулиц.
Хајди, која инаку има 45 години и нејзиниот 22 годишен сакан почнаа да се гледаат минатиот март, а се свршија на Бадник. Сега се очекува манекенката да го објави датумот на венчавката, а во светските медиуми се шпекулира дека Хајди веќе е во блажена состојба.
Љубовната двојка моментално е во Берлин каде заедно со нив се и децата на Хајди, Лу (9), Хери (14), Јохан (12) и Хелена (15), кои очигледно добро го прифатија нејзиниот свршеник.
Манекенката редовно ги известува своите фанови на Инсатграм за секој свој чекор, а многумина можеа да ги видат и многубројните заеднички фотографии на Хајди и Том на кои страстно се бакнуваат и прегрнуваат.
фото:инсатграм/хајдиклум