Филмот „Титаник“ е снимен пред повеќе од две децении, но и денес се гледа со интерес како и тогаш.
Актерите кои се појавија во него се здобија со голема популарност.
Покрај возрасните актери, во филмот се појавија и неколку деца. Меѓу нив и преслаткото девојче кое играше со Џек Досон односно Леонардо Ди Каприо на ирска забава каде што се забавуваат сиромашни патници на бродот.
Девојчето беше видено и на почетокот на филмот, кога патниците се качуваа на „Титаник“. Оваа улога ја играше Алекс Овенс – Сарано која изјави дека Леонардо бил прекрасен кон неа и дека за време на снимањето многу се смеала зад камери.
Денес, Алекс порасна во прекрасно девојче и не се занимава со актерство. Има 32 години и нема да ја препознаете бидејќи многу се променила од периодот кога е снимен филмот.
фото: Инстаграм