Бенџамин Кио (27), внукот на Елвис Присли се самоубил во својата вила во Калабасас.
Бенџамин бил пронајден со рана од огнено оружје. Полицијата соопшти дека станува збор за самоубиство, но се уште не се познати деталите.
Кио беше син на Лиза Мари Присли, ќерката на Елвис и Присила Присли.
View this post on Instagram
„Лиза Мари е скршена. Бенџамин беше центар на нејзиниот свет“, соопшти семејството.
Лиза Мари во бракот со Дени ја доби ќерката Рајли и Бенџамин на која им ја посвети песната „Storm and grace“.