Српските медиуми јавуваат дека познатата естрадна новинарка Драгана Трипиќ е пронајдена мртва. Неофицијално, Драгана се обесила во својот стан во белградската населба Мирјево, а нејзиното тело го пронашла ќерката. Наводно, новинарката била депресивна поради работата и кредитот кој го имала.
Трипиќ ја следеше естрадата, која ќе се памети на остриот јазик, но со фер приказни, праведноста и храброста, па пејачите и естрадните личности од сверата на забавата од таа причина исклучително ја почитуваа.
На Инстаграм, Луна Ѓогани прва се збогуваше со новинарката со тажна порака:
„Благодарам за целото разбирање, поддршка, сила и љубов што постојано ми ги даваше. Беше добар човек на овој свет. Добрите луѓе заминуваат, најдобрите заминуваат.
Почивај во мир“ – напишала на фотографијата на која се починатата новинарка, Луна и мајка и Анабела.
„Одмори се во мир, ангелу. Кога сите беа против мене, ти беше единствената што се бореше за мене“ – напиша Луна со скршено срце.