Kaко бомба одекна веста дека по 24 години врска раскинале Данијела Мартиновиќ и Петар Грашо.
Меѓутоа, иако Даниела и Петар во медиумите не сакаа да зборуваа за нивниот приватен живот ниту пред, ниту по нивното раскинување на нивната врска, во јавноста протекоа нови детали за нивната разделба.
Наводно, тие раскинале пред да биде објавено во јавност, тврди анонимна пејачка за „Јутарњи лист“ која откри некои детали за нивното раскинување.
„Се зборува дека работите меѓу Даниела и Патер започнаа да пукаат пред една година. Минатата година, се скараа во неговата викендичка во Виниш. Тој нешто и префрли, таа му одговори, тој и врати, на што таа стана и си замина. Се очекуваше дека тој ќе тргне по неа, но тоа не се случи. После тоа, неколку дена не се слушнаа, па се видоа и се смирија. Но, на Даниела и понатаму и беше криво што така се однесуваше со неа. Тука започна се, но во следните месеци, секој за себе размислуваше за нивната врска и сфатија дека сакаат различни работи во животот“, вели пејачката.
Таа додава дека никој не очекуваше дека тоа ќе биде конечен прекин на нивната врска затоа што во текот на 24 години повеќе пати раскинуваа, па се смируваа.
„Тоа за нас, ние што гледаме од страна, не значеше крај. Тие неколку пати раскинуваа, па на крајот се смируваа. Сега не. Откако новинарите открија дека Данијела и Грашо не се заедно, тие со часови разговараа на телефон. Во тој момент беа искрени еден кон друг, а после тоа дадоа изјава дека повеќе не се заедно. Колку што знам, разделбата заврши без лоши зборови“, заклучи изворот.
Инаку, неодамна медиумите пишуваа дека Петар Грашо е во врска со ќерката на Тончи Хуљиќ, Хана Хуљиќ.
фото: Миранда Џикотиќ/стору.хр