Радио Милева Релаксација

Се повлече од јавноста: Сопругата на Петар Грашо трудничките денови ги поминува во природа и во најдоброто друштво (фото)

Се повлече од јавноста: Сопругата на Петар Грашо трудничките денови ги поминува во природа и во најдоброто друштво (фото)

По венчавката, која беше во центарот на вниманието на јавноста во целиот регион, Хана Хуљиќ донесе одлука да се повлече од медиумите и да се препушти на уживањето во природата.
Хана избегнува да се експонира на социјалните мрежи и токму тоа е причината што секоја нејзина објава привлекува големо внимание.

Сопругата на познатиот пејач Петар Грашо овој пат реши да ги помине трудничките денови со личност која многу ја сака и цени, а тоа е нејзината кума Доменик Жувел.
Заедничкото излегување во природа го забележале во вид на фотографија која Хана ја објави на социјалните мрежи.

– Природата и (најдоброто) друштво – напиша таа во описот наобјавата.

Фотографијата веднаш штом беше објавена доби огромен број лајкови и коментари. Многумина го пофалија нејзиниот изглед, но и нејзината одлука трудничките денови да ги помине далеку од очите на јавноста и стресот.

Судејќи по фотографиите, Хана ужива во друштво, одмор и уживање.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by D O M E N I C A (@dome.nica)

Да потсетиме, поп пејачот Петар Грашо изминативе месеци беше во центарот на вниманието на регионалната јавност поради љубовта со Хана Хуљиќ, ќерката на Тончи Хуљиќ.

Набрзо се дозна дека 14 години помладата Хана е бремена, а потоа и дека парот планира свадба, која се случи пред околу два месеци во Сплит.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hana Who (@hana.huljic)

Парот го изговори судбоносното „да“ во црквата Свети Доминик, на интимна церемонија која собра неколку десетици најблиски, а социјалните мрежи беа преплавени со фотографии од романтичната прослава на нивната љубов.

фото:хана хулиќ/инстаграм

To top