Радио Милева

Се посрамотија пред ТВ екраните: Сања Кужет и Воја не знаеја кој е главен град на Црна Гора

Се посрамотија пред ТВ екраните: Сања Кужет и Воја не знаеја кој е главен град на Црна Гора

Секоја недела се емитува емисијата „Гранд специјал“ каде што водител е Саша Поповиќ заедно Сања Кужет и Воја Недељковиќ.

Во емисијата има и квиз, а кога гледачите ќе дадат точен одговор, тие добиваат одредена финасиска награда. Меѓутоа, овојпат Сања и Кужет ги збунија гледачите, а на социјалните мрежи предизвикаа негативни реакции.

Станува збор за емисијата која се емитуваше во недела (02.02.2020) во терминот од 13 до 16 часот на телевизија Прва.

Имено, гледачката која се вклучи во емисијата имаше наградно прашање кое гласеше:

„Кој е главен град на Република Црна Гора?“, а како понудени одговори беа Подгорица, Бар, Цетиње и Будва, а гледачката одговори дека Подгорица е главен град, а тоа се покажа како неточен одоговор, па во студиото настана забуна.

фото: принтскрин/фб

Поточно, ни Сања ни Воја не знаеја кој е главен град на Црна Гора, па мислеа дека гледачката погрешила.

Сања побара помош од Гугл додека пак Воја се обидуваше да ја „поправи“ непријатна ситуација.

„Овде пишува Цетиње“ истакна Воја, а Кужет предложи да побараат на „Гугл“.

Како се тоа изгледаше, може да погледнете тука.

To top