Охриѓанецот Ристе Ристески сите го паметиме по неговото учество во „Ѕвездите на Гранд“, каде пред две години успеа да ја однесе победата.
Ристе неодамна ја издаде својата втора песна „Неизлечиво“ која има повеќе од пола милион прегледи на Јутуб.
Ристески деновиве беше гостин во емисијата „Гранд магазин“ каде што зборуваше за својата песна и своите идни проекти.
Периодов актуелна тема во Македонија, па и во регионот е Евровизија, а нашата земја ќе ја претставува Тамара Тодевска.
Имено, Тамара пред неколку дена ја промовираше евровизиската песна „Proud“ која имаше одличен фидбек кај македонската јавност и публиката.
Ристе во емисијата истакна дека би сакал да ја претставува Македонија на „Евровизија“.
Меѓутоа, во емисијата го прашаа Ристе дали знае за тоа кој ќе ја претставува Македонија на Еврововизија во Израел, тој даде неточен одговор.
„Оваа година мислам дека се уште немаат изберено кој ќе оди на Евровизија“ истакна Ристе.
Ристе изгледа дека не ги следи вестите од Македонија, па не е добро информиран дека Тамара ќе биде наша претставничка на Евровизија.
Дали можеби поради работните обврски и ангажмани, Ристески нема време да ги следи вестите од светот на шоубизнисот, но тоа дека Македонија се уште нема избрано свој претставник за Евровизија 2019 е далеку од вистината.
Како и да е, на Ристе ќе му посакаме да има уште повеќе хитови, а на Тамара среќа и одличен пласман на Евровизија.