Радио Милева
Убави вести

Се породи познатата српска старлета Ана Кораќ, а на свет донесе момче (фото)

Се породи познатата српска старлета Ана Кораќ, а на свет донесе момче (фото)

Старлетата Ана Кораќ се породи и роди момче, а на нејзината среќа и нема крај. Како што пишуваат медиумите, Корач  се породила со царски рез во приватна клиника. Ана и нејзиниот син се сместени во посебен луксузен апартман, а персоналот се грижи за неа и за бебето.

Инаку, Ана уживаше и се посвети на „блажената состојба“ цели девет месеци, а неодамна и јавно се огласи.

– Да се ​​биде во благословена состојба е најубавото нешто што една жена може да го почувствува! Наскоро ќе станам мајка и едвај чекам да го држам син ми во раце. Мојот живот целосно се промени. Посветена сум на семејството, а се е подготвено за доаѓањето на бебето – изјавила Ана.

Таа пред неколку дена го врати и нејзиниот Инстаграм профил па напиша:

– Отворив маркетинг компанија. Имам тим од луѓе со кои ќе правам сериозни кампањи во иднина. Сакам да се посветам на мојот син и на работата на која напорно работев сите овие месеци. Сакам да им се заблагодарам и на медиумите за разбирањето и почитувањето на мојата одлука да ја носам бременоста на мир – изјави  Ана.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Ана Кораќ

Останати вести од Радио Милева