Старлетата Ана Кораќ се породи и роди момче, а на нејзината среќа и нема крај. Како што пишуваат медиумите, Корач се породила со царски рез во приватна клиника. Ана и нејзиниот син се сместени во посебен луксузен апартман, а персоналот се грижи за неа и за бебето.
Инаку, Ана уживаше и се посвети на „блажената состојба“ цели девет месеци, а неодамна и јавно се огласи.
– Да се биде во благословена состојба е најубавото нешто што една жена може да го почувствува! Наскоро ќе станам мајка и едвај чекам да го држам син ми во раце. Мојот живот целосно се промени. Посветена сум на семејството, а се е подготвено за доаѓањето на бебето – изјавила Ана.
Таа пред неколку дена го врати и нејзиниот Инстаграм профил па напиша:
– Отворив маркетинг компанија. Имам тим од луѓе со кои ќе правам сериозни кампањи во иднина. Сакам да се посветам на мојот син и на работата на која напорно работев сите овие месеци. Сакам да им се заблагодарам и на медиумите за разбирањето и почитувањето на мојата одлука да ја носам бременоста на мир – изјави Ана.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Ана Кораќ