Вестите за Лејди Гага и Бредли Купер не престануваат.
По доделувањето на „Оскарите“, во медиумите се појавија вести дека наводно меѓу Гага и Купер има нешто повеќе од пријателство.
Гага ја раскина свршувачката, а Бредли исто така раскина со Ирина Шајк.
Пред некој ден во медиумите се појавија вести дека наводно Гага е бремена од Бредли.
По гласините за нивната врска на насловната страница „In touch“ се појави фотографија со која се зголемија гласините дека Лејди Гага е бремена.
На оваа фотографија, Бредли и Гага позираат прегрнати, а внимание привлече положбата на нивните раце.
Бредли ја ставил раката на стомакот на Гага, а пејачката нејзината рака ја ставила врз раката на Купер.
Таблоидот објави наслов дека парот очекува бебе и не планира свадба.
Гага и Бредли не се огласија за овие пишувања. Уредниците на магазинот дури објавија фотографија на која се гледа стомаче на Гага, а се сите тврдат дека е бремена.