Срамното однесување на евровизиските победници ја шокираше јавноста. Победата на Украина на годинешниот Евросонг предизвика многу реакции, а дел од јавноста е убедена дека „Калуш Оркестра“ незаслужено го освои првото место. Додека течат полемиките за тоа дали Украинците добија победа поради актуелната војна во нивната земја, на социјалните мрежи почнаа да кружат вознемирувачки видеа од финалната вечер на Евровизија.
Имено, јасно е дека во еден момент, пред да излезе на сцената, фронтменот на бендот, Олег Псијук, ја подигнал раката и го покажал нацистичкиот поздрав „зиг хајл“ на Хитлер. Во тој момент ТВ кадарот бил тргнат од бендот и префрлен на водителите на програмата, а организаторите на најпознатото музичко натпреварување глумела дека ништо не виделе и ништо не се случило.
Но, Украина не е единствената земја која ги прекршила правилата на евровизискиот натпревар.
Албанската претставничка Ронела Хајати на својот настап со рацете го покажа двоглавиот орел, симболот на т.н. Голема Албанија и иако е во спротивност со правилата на Евровизија, таа не е санкционирана поради срамната постапка.
Фото: Твитер принтскрин/Walter the Kranky-Tankie