Радио Милева

Се појавија детали за смртта на внукот на Елвис Присли: Си пукал во главата во тоалетот каде почина и неговиот дедо!

Се појавија детали за смртта на внукот на Елвис Присли: Си пукал во главата во тоалетот каде почина и неговиот дедо!

Неодамна, светот беше шокиран од веста дека Бенџамин Кио (27), внук на рокенрол легендата Елвис Присли, се самоубил во својата вила во Калабасас. Внукот на рокенрол легендата е пронајден со прострелна рана на градите. Полицијата соопшти дека станува збор за самоубиство, но дека некои околности не се јасни. Целиот случај беше целосно расветлен седум дена подоцна.

Синот на Лиза Мари Присли, ќерка на Елвис и Присила Пресли, која се омажи за музичарот Дани Кио, а со кого ја има и ќерката Рајли, се самоуби на роденденската забава на неговата девојка Дајана Пинто и зетот Бен Смит-Петерсон.

Според порталот DailyMail.com, соседите на потомците на Елвис слушнале жена како врескала во раните утрински часови (околу 3:30 часот) на 12 јули, за која се верува дека е Пинто: „Не го прави тоа!“

Полицијата пристигнала околу шест часот наутро и го пронашла телото на Бенџамин во бањата. Како што ексклузивно открива DailyMail, Бенџамин се заклучил во еднп од трите купатила и се застрелал во главата.

Во шокантен пресврт на настаните, полицијата во Лос Анџелес откри дека обдукцијата покажала дека Бенџамин ја отворил устата и го повлекол чкрапалото, така што тој се застрелал во главата, а не во градите, како што првично било запишано во извештаите.

Она што е можеби уште пошокантно е дека местото каде што Бенџамин се самоуби беше тоалет, истото место каде неговиот славен дедо беше пронајден мртов во 1977 година.
Останува непознато дали Бенџамин некако сакал да се потсети на својот дедо со самоубиство во бањата, особено ако се земе предвид дека Лиза Мери, неговата мајка, секогаш ја потенцирала сличноста меѓу двајцата, не само физичката.

 

View this post on Instagram

 

Mama Lion with cubs ❤️?????

A post shared by Lisa Marie Presley (@lisampresley) on

Понатаму, „Дејли Мејл“ наведува дека соседите, по убиството и по пристигнувањето на полицијата, ја слушнале Пинто како разговара со еден од полицајците и рекла дека се плашил дека семејството на Бенџамин ќе ја мрази, па дури и би ја обвиниле за неговата смрт.

Тоа, се разбира, не се случи, а Пинто беше видена неколку дена подоцна како таа и мајката на Бенџамин го напуштија хотелот во Беверли Хилс, каде престојуваше Лиза Мери, држејќи се за рака.
Девојчето кое очигледно знае што точно се случило со Бенџамин, се збогува по четири години врска, меѓу другото, со зборовите: „Не можам да го замислам мојот живот без тебе“.

To top