Радио Милева разликата во годините не им пречела

Се појави заедничка фотографија од Жика Јакшиќ и Славица Ќуктераш во младоста кога биле вљубени (фото)

Се појави заедничка фотографија од Жика Јакшиќ и Славица Ќуктераш во младоста кога биле вљубени (фото)

Жика Јакшиќ зад себе има два пропаднати брака, познато е дека имал бурен емотивен живот, важи за миленик на жените, а своевремено ја заведе и 20 години помладата пејачка

Тие двајца беа во емотивна врска пред пејачката да се заљуби во фудбалерот Влада Аврамов, а водителот се омажи со Дајана Пауновиќ. Сега на страницата на Инстаграм која ги чува спомените на познатите личности се појави фотографија од Славица и Жика кога биле вљубени.

Врската помеѓу пејачката и две децении помладиот продуцент не беше тајна, а се шпекулираше дека Јакшиќ и помогнал на пејачката на почетокот на нејзината кариера.

– Таа можеше да направи многу повеќе во музиката. Не криев дека бевме во врска затоа што беше љубов, но заврши. Славица ми е драга и имам убави спомени од неа – изјави претходно Жика.

 

Да потсетиме, Жика покрај себе има и помлада девојка за која не сака да зборува јавно, а никогаш не сакал ниту за бившите партнери.

– Во животот не сум имал многу жени. Во првиот брак бев десет години, седум во вториот, но ако ги соберам сите години, не е голем број на жени. Немам со што да се пофалам, бидејќи тоа не ми е важно. Има пет жени кои оставија трага во моето срце и сите ги сакам, почитувам и ценам. И затоа сакам да се поздравам со Дајана, која е навистина убава и која се грижи за нашиот син Душан, исто како што Снежана се грижи за мојот постар син Андрија – изјави тогаш продуцентот, пренесува „Гранд онлајн“.

Фото:Принтскрин/Инстгарам

 

To top