Радио Милева за последен пат

Се појави на гробот кога сите си замнаа: Познатата пејачка по погребот се врати да се прости од Марина Туцаковиќ

Се појави на гробот кога сите си замнаа: Познатата пејачка по погребот се врати да се прости од Марина Туцаковиќ

Најголемиот  регионален текстописец Марина Туцаковиќ беше погребена вчера (29.09.2021).

На испраќањето во вечниот дом ја испратија нејзините најблиски, семејството, пријателите, колегите меѓу кои се појавија Цеца Ражнатовиќ, Јелена Карлеуша, Мина Костиќ, Милан Калениќ, Дејан Матиќ.

Семејството апелираше погребот да биде во кругот на семејството и блиските пријатели поради пандемијата со коронавирусот.

Сепак, на погребот се случила и непријатна сцена кога синот на Марина, Милан Радуловиќ ги замолил Мина, Цеца, Дејан, Милан, да се тргнат од гробот.

Тие го послушале, па веднаш си заминале. Меѓутоа, по погребот и кога сите си заминале, Мина се вратила уште еднаш да се прости од својата пријателка и соработничка.

За потсетување, Марина е заслужена за кариерата на Мина бидејќи и напиша голем број на песни кои ја прославија пејачката.

фото: србија данас

To top