Радио Милева цврсто ја држи

Се појави досега невидена фотографија: Анастасија Ражнатовиќ во провокативна облека седи во скутот на Гудељ (фото)

Се појави досега невидена фотографија: Анастасија Ражнатовиќ во провокативна облека седи во скутот на Гудељ (фото)

Пејачката Анастасија Ражнатовиќ деновиве престојува во Севиља со своето момче Немања Гудеља од каде често се огласува.

Последните денови двајцата уживаа, одеа на романтични вечери, излегуваа, а сега на површина „излезе“ фотографија од нив која е направена додека биле на Ибица.

Имено, на фотографијата Анастасија ја гледаме во зелен фустан со голи рамена додека седи во скутот на Немања, а тој цврсто ја држи околу половината.

Таа фотографија Немања ја сподели на својата Инстаграм приказна, а следеа коментарите: „Вие сте прекрасен пар“, „Анастасија блеска“, „Убава“, беа само дел од коментарите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nemanja Gudelj (@nemanjagudelj)

Да потсетиме, Анастасија Ражнатовиќ и нејзиното момче, фудбалерот Немања Гудељ неодамна го загубија своето бебе, а тажната вест ја објави на социјалните мрежи. Анастасија тогаш беше бремена во петтиот месец и реши целосно да се повлече од јавноста, па го деактивираше својот профил на Инстаграм.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

To top