Амбер Херд го обвини својот поранешен сопруг Џони Деп за физички насилство, но сега се појави аудио снимка во која се слуша како Амбер вели дека го тепала екс сопругот.
Британскиот „Daily Mail“ дојде до аудио снимка која настанала во 2015 година. Снимката од два часа ја снимила Амбер, но не знае како истата се појавила во медиумите.
„Те ударав. Не знам како ми се движеа рацете, но добро си, не те повредив“ се слуша Амбер.
„Синоќа заминав бидејќи не можам да поднесам физички да се малтретираме. Тоа ќе заврши лошо и веќе еднаш ти кажав душо, се плашам бидејќи ние навистина сме како сцена на злосторство“ вели актерот во снимката.
Амбер призна дека сопругот го ударала со што ќе стигне – вазни, лонци…
„Не можам да ветам дека нема да биде вака. Боже, некогаш толку многу се лутам што ја губам главата“ изјави Амбер.
Инаку, Деп неколку пати заврши во болница.
Актерката прва поднесе барања за развод, а на судот покажа фотографии од модринки, бушава коса тврдејќи дека Џон ја малтретирал кога бил пијан и дрогиран.
Деп тврдеше дека Амбер лаже и дека модринките сама си ги направила, а во негова одбрана застанаа и неговите поранешни сопруги.