Синот на Цеца Ражантовиќ, Вељко Ражнатовиќ за помалку од еден месец ќе заплива во брачните води со неговата свршеница Богдана Родиќ.
За нивната свадба се зборува со денови, а како што пишуваат српските медиуми тоа ќе биде свадба на деценијата.
Како што пишуваат медиумите свадбата ќе биде во еден луксузен хотел на која ќе присуствуваат повеќе од 500 години, а меѓу нив и многу јавни личности.
На свадбата ќе пее и младата пејачка Александра Младеновиќ, но и пејачот Џани.
Десетина дена пред свадбата, поточно на 14 ноември, Богдана ќе ја прослави својата моминска вечер. Според пишувањата на курир.рс, идната снаа на Цеца својата моминска вечер ќе ја прослави во вила на „Ѕвездара“.
За потсетување, Богдана е бремена, а заедно со Вељко ќе станат родители на нивното прво дете.