Андреј Кулунџиќ, професионален возач на трки, на пошироката јавност попознат како екс-дечкото на Цеца Ражнатовиќ, и го кажа судбоносното „да“ на својата избраничка Маја на егзотична дестинација, Сејшелите, далеку од љубопитните очи на јавноста.
– Официјално – потврди на „Инстаграм“ со серија фотографии на кои со сега веќе сопругата среќен, ведар и бос стои пред матичар.
Романтичната венчавка се одржа на плажа. Маја блескаше во светол беж фустан, со дискретна шминка и лелеава фризура украсена со бели цветови, додека младоженецот носеше бела кошула и панталони според пригодата и местото.
За потсетување, Андреј Кулунџиќ пред многу години беше поврзуван со балканската дива со која се запозна за време на снимањето на неговата емисија, а иако наводната врска никогаш не беше официјално потврдена, сепак го следи епитетот, поранешното момче на Цеце Ражнатовиќ.
Кулунџиќ до неодамна беше во брак со сопругата Марина од која дискретно и тајно се разведе.
фото:Инстаграм принтскрин/Блиц ТВ