Старлетата Тамара Ѓуриќ за една година успеа да се омажи и да се разведе од Никола Качаревиќ, со кој ја има ќерка Тамара која ја крсти по себе.
Во минатото, пак, на големо се зборуваше за љубовниот живот на Ѓуриќ, а многумина заборавија дека нејзиното поранешно момче беше пејачот Аца Живановиќ.
View this post on Instagram
Тамара Ѓуриќ во 2015 година учествуваше во реалното шоу „Фарма“, каде што започна бурна врска со Аца. Како што објавија тогаш медиумите, тие имале интимни односи пред камери, иако под покривка, а еден месец по излегувањето од реалното шоу раскинале. Се шпекулираше за неколку причини кои доведоа до раскинување – измама, пари.
– Двајцата работиме многу и немавме време за нас. Со текот на времето се создаде дистанца и решивме дека е подобро вака, да раскинеме на време додека целосно да се одалечиме. Останавме во коректни односи – изјави тогаш Аца Живановиќ за локалните медиуми, а Тамара изјави дека причината за раскинувањето не се парите.
View this post on Instagram
Аца Живановиќ се ожени со сопругата Ивана со која во 2019 година го доби синот Матија, а во 2021 година добија и второ дете. Сепак, она што многумина го забележаа е дека сопругата на пејачот неодоливо потсетува на неговата поранешна девојка, старлетата од реалното шоу Тамара Ѓуриќ.
Фото: Принтскрин/Инстаграм