Радио Милева
ден за паметење

Се ожени Војче Петрушев од групата „Маестро“: Свадбено „шоу“ на хармоникашот! (ФОТО+ВИДЕО)

Се ожени Војче Петрушев од групата „Маестро“: Свадбено „шоу“ на хармоникашот! (ФОТО+ВИДЕО)

Во присуство на најблиските, поширокото семејство, роднините, голем број пријатели  и многу колеги од естрадата, минатиот викенд се ожени познатиот хармоникаш Војче Петрушев од групата „Маестро“. Тој со својата избраничка,сега животна сопатничка Моника, беше неколку години во љубовна врска.

Свадба голема се случуваше во познатиот и ексклузивен скопски ресторан, на која покрај вообичаените адети и свадбени процедури свадбената веселбата беше на највисоко ниво. А како и не би била кога се жени естраден уметник кому свирењето  свадби му е меѓудругото дел од работата, а освен тоа на свадбата присуствува речиси половина естрада!

Сепак, највесел на свадбата бил токму младоженецот, кој во еден момент ја фатил харомонката и приредил вистионско свадбено „уан мен шоу“ честејќи ги гостите со неколку песни. Покрај него, невестата секако, нераздвo јна придружничка, исто толку весела и расположена за свадбен џумбуш!

Уште на стартот на свадбата каде Александар Митевски и Драган Спасов – Дац ја отвориле  вечерта, се видело дека ова нема да биде обична свадба.

Имено, младоженците гостуваат како ликови во нивниот видеоспот за песната „Љуби ме“, во која Војче свири и хармоника, па Митевски и Дац им возвратија со изведба на нивната „Уште ми фалиш“.

Во изведбата им се придружиле и младенците, Војче со хармониката а невестата со својот вокал, но и сите останати гости кои во еден глас ја пееле песната!

По свадбата хармоникашот на својот фејсбук профил сподели статус со благодарност на сите кои свадбениот чин нему и на неговата сакана им го  направиле незаборавен ден за паметење, најубав во животот!

 

 

 

Останати вести од Радио Милева